Достапни линкови

Еврото слави десети роденден


Денеска се одбележува 10 годишнината од воведувањето на еврото.
Ако на 1 јануари 2002-та воведувањето на еврото беше проследено со големи церемони, огномети, долги редици пред банкоматите, десетгодишнината поминува без помпа, односно сега зборот евро е пропратен со зборот криза, пишува весникот Њујорк тајмс.
Во Брисел нема да има ни церемонија ниту пак прес конференција за одбележување на датумот. Но сепак 17-те земји членки на еврозоната десетгодишнината ќе ја одбележат со пуштање во промет на нова монета од 2 евра.
Еврото ја заврши годината со нов минимум во однос на јенот и забележа најниско ниво во последните 16 месеци во однос на доларот, но се уште е над нивото на вредноста што ја имаше во однос на американската валута во моментот кога беше воведено евротото.
XS
SM
MD
LG