Достапни линкови

Ирачкиот премиер повика на обединетост


Премиерот на Ирак Нури ал-Малики

Премиерот на Ирак Нури ал-Малики

Премиерот на Ирак Нури ал-Малики денеска ги повика сите Ирачани да се обединат, велејќи дека на земјата сега и треба политичка стабилност.
„Следниот период не е помалку важен од претходниот, не бидете прекумерно радосни“, предупреди Ал Малики.
Во Ирак минатата година загинале 2.645 луѓе, што е за околу 1.000 помалку во споредба со 2010 и 2009-та, година покажуваат официјалните податоци. Според податоците, од убиените во 2011 ,1.578 биле цивили, 609 полицајци и 458 војници.
Вчера ирачкиот премиер го означи крајот на пактот што овозможуваше американските сили да останат во земјата, две недели откако заврши нивното повлекување од Ирак.
XS
SM
MD
LG