Достапни линкови

logo-print

Северна Кореја до смрт ќе го брани новиот лидер


Ким Џонг-ун оддава почит пред ковчегот на својот татко

Ким Џонг-ун оддава почит пред ковчегот на својот татко

Комунистичкиот режим на Северна Кореја ги повика своите граѓани да го бранат до смрт својот нов лидер Ким Џонг-ун.
Државните медиуми објавиле порака со која се повикува армијата, владејачката партија и луѓето да бидат подготвени и да дејствуваат како „човечки штит“ за новиот владетел.
Во пораката исто така се повикува и на преземање на чекори за излез од хроничниот недостаток од храна, за да може земјата од сиромашна да се движи кон просперитет.
Ким Џонг-ун е прогласен за лидер на владејачката партија и врховен командант на 1,2 милиони припадници на војската на Северна Кореја, по смртта на неговиот татко и долгогодишен лидер Ким Џонг-Ил
XS
SM
MD
LG