Достапни линкови

Данска го презеде претседателството со ЕУ


Со Новата Година, Данска го презеде ротирачкото претседателство со Европската унија, Ирска претседавањето со ОБСЕ, а пет земји добиваат привремена места во Советот за безбедност на Обединетите нации.

Данска го презеде шестмесечното претседателство на ЕУ од Полска. Претседателство на Данска доаѓа во време на криза во Унијата околу иднината на еврото и одлуката на Велика Британија на самитот во декември да не учествува во новите мерки за финансиска стабилизација.
Данска е меѓу 10 земји членки на ЕУ кои не го користат еврото.
Ирска, пак,од Литванија го презеде местото претседавач на ОБСЕ
А во Советот за безбедност на ОН Азербејџан, Гватемала, Мароко, Пакистан и Того добија двегодишен мандат.
XS
SM
MD
LG