Достапни линкови

logo-print

Десетина луѓе уапсени на предновогодишен протест во Москва


Архивска фотографија: Протести во Москва.

Архивска фотографија: Протести во Москва.

Московската полиција уапси десетина луѓе што сакале да протестираат за правото на јавни собири, објави новинската агенција Франс прес. Неколкумина од уапсените носеле бели ленти на палтата што симболизира несогласување со резултатите од неодамнешните избори, на кои повторно победи владејачката партија Единствена Русија на премиерот Владимир Путин. Опозицијата тврди дека резултатите од изборите биле лажирани.

Претходно, рускиот премиер Владимир Путин изјави дека нема ништо необично во масовните протести против неговата доминација во Русија. Во предновогодишното обраќање до граѓаните, Путин рече дека протестите се „неизбежна цена на демократијата“ и им ја честиташе новата година на сите граѓани, без разлика на нивните политички склоности.
XS
SM
MD
LG