Достапни линкови

Силна петарда фрлена во руската амбасада во Тирана


Илустрација.

Илустрација.

Непознат сторител синоќа фрлил силна петарда преку оградата на руската амбасада во Албанија, изјавил претставник на амбасадата за руската новинска агенција ИТАР-ТАСС. Никој не бил повреден и немало материјална штета на објектот. Рускиот амбасадор во Албанија Леонид Абрамов испрати протестна нота до албанското Министерство за надворешни работи, информираат од амбасадата.
Полицијата трага по сторителите.
XS
SM
MD
LG