Достапни линкови

Путин - Протестите се неизбежна цена на демократијата


Рускиот премиер Владимир Путин.

Рускиот премиер Владимир Путин.

Рускиот премиер Владимир Путин изјави дека нема ништо необично во масовните протести против неговата доминација во Русија. Во предновогодишното обраќање до граѓаните, Путин рече дека протестите се „неизбежна цена на демократијата“ и им ја честиташе новата година на сите граѓани, без разлика на нивните политички склоности.

Во последните денови Путин се потсмеваше со протестите велејќи дека немаат ниту програма, ни лидер. Протестите избија по изборите, за кои опозицијата тврди дека биле лажирани.
XS
SM
MD
LG