Достапни линкови

Скоро 5.400 кандидати за парламентарните избори во Иран


Регистрација на кандидатите за пратеници.

Регистрација на кандидатите за пратеници.

Вкупно 5.395 луѓе, од кои 428 жени, се регистрирани како кандидати за учество на парламентарните избори во Иран, соопшти тамошното Министерство за внатрешни работи. Изборите се закажани за 2 март. За да може да учествуваат на изборите, кандидатите, првo треба да ја поминат „контролата“ од страна на Советот на чувари, тело составено од свештеници и адвокати. Изборите во март се првите избори по спорните во 2009, кога беше реизбран претседателот Махмуд Ахмадинеџад. Изборните резултати предизвикаа масовни протести кои потоа беа задушени од страна на властите.
XS
SM
MD
LG