Достапни линкови

Кина може да го олабави курсот на јуанот


Гувернерот на Народната банка на Кина Жоу Ксиаочуан сугерира дека властите може да ја олабават цврстата контрола врз курсот на националната валута, јуанот, со тоа што ќе го прошират опсегот во кој може да се движи курсот. Сега јуанот може да флуктуира по 0,5 проценти од средната цена што Централната банка ја објавува секој ден.

Трговските партнери на Пекинг долго време ја критикуваат Кина дека вештачки го држи курсот на јуанот толку ниско за да го поттикне извозот, што доведе до огромен трговски дефицит меѓу некои земји и Кина.
XS
SM
MD
LG