Достапни линкови

Данска од утре преседава со ЕУ


Данска утре на 1 јануари официјално станува нов 6-месечен претседавач на Советот на Европската унија. Ова, претседателството, како што велат во Копенхаген, ќе претставува голема задача за данската влада. Од последниот пат кога таа го држеше претседателството, на сила стапи Лисабонскиот договор и се промени институционалната панорама на Унијата.
Инаку, ова ќе биде седмо нејзино претседавање откако влезе во тогашната Европска заедница во 1973 година. Единствениот потенцијален успех за време на данското претседателство може да дојде на Балканот, со оглед на тоа што Србија се надева во февруари да добие кандидатски статус во ЕУ.
XS
SM
MD
LG