Достапни линкови

Горивата на прво место во американскиот извоз


За прв пат од 1990-та година главна извозна суровина на САД станаа горивата. Мерено во долари на прво место е гасот, па дизелот и авионското гориво, јави АП.
Пред само десет години, според статистиката, горивата не беа ни меѓу првите 25 американски извозни производи. Во изминативе пет години пак на прво место беа американските авиони.
Сепак, САД се се уште далеку од тоа да се наречат енергетски независна земја. Според експертите, има две причини за горивата да се најдат на првои место. Просечната цена на нафтата во 2011 беше околу 95 долари за барел, а пред десет години таа изнесуваше 26 долари за барел. Покрај тоа, за зголемување на извозот влијаеше и слабата економија и помалата побарувачка во САД.
XS
SM
MD
LG