Достапни линкови

Имаме енергија за новото време


Диме Спасов - Претседател на Унија на млади сили на ВМРО - ДПМНЕ

Диме Спасов - Претседател на Унија на млади сили на ВМРО - ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ, во рамки на својата младинска политика постојано вложува напори во надградбата, усовршувањето и креирањето на млади лидери. Тоа е континуиран процес и тоа е она што не прави различни од останатите политички партии, пишува за РСЕ Диме Спасов - Претседател на Унија на млади сили на ВМРО - ДПМНЕ

Младинскa политика претставува збир на принципи, вредности, ставови, цели и активности за подобрување на квалитетот на животот на младите. Носител на политиките за млади може да биде Владата, јавните институции, невладините организации, младинските организации, вклучително и политичките. На локално ниво и на национално ниво младинските политики носат многу предности, како што се адресирањето на потребите и проблемите на младите, се подготвуваат младите да станат одговорни граѓани, среќни и добро образовани луѓе, кои носат напредок во општеството во кое живеат.

Младинските политики се креираат од законодавната и извршната власт, од експерти од различни области, од активни млади луѓе од организации на политичките партии, студентски парламенти, студентски асоцијации, неформални групи, како и успешни поединци.

Почитувањето на младите луѓе и нивното прифаќање како целосни, доверливи и еднакви членови на општеството, обезбедува можности за преземање одговорност и самостојно донесување на одлуки.

ВМРО-ДПМНЕ, во рамки на својата младинска политика постојано вложува напори во надградбата, усовршувањето и креирањето на млади лидери. Тоа е континуиран процес и тоа е она што не прави различни од останатите политички партии.

Организираме различни видови семинари, тренинг школи, обуки, но исто користиме и методи на неформално образование, со акцент на учење преку искуство, кое вклучува искуствено учење од секоја ситуација, вистинска или замислена. Со тоа, промовираме независност и одговорност на младите луѓе, така што тие можат самостојно да преземат иницијатива и активно да учествуваат во креирањето на личната и општествена промена.

Младите сили многу пати покажаа и докажаа дека тоа беше исправен потег. Младоста во комбинација со одговорноста, станува непроценлива предност во политичкото дејствување на една партија. Тоа е енергијата која ја носи победата, но пред се, тоа е енергијата која ги носи промените и реформите во нашата земја.
Младоста во комбинација со одговорноста, станува непроценлива предност во политичкото дејствување на една партија. Тоа е енергијата која ја носи победата, но пред се, тоа е енергијата која ги носи промените и реформите во нашата земја.
...


Пожртвуваноста, идеите, неуморноста, оптимизмот, енергичноста на младите луѓе од УМС претставува непроценлив капитал пред секој предизвик со кој се соочуваме како партија, но и како држава.

Одговорноста, која Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ пред 20 години ја покажаа кон врвните национални приоритети и кон татковината, беа и се обврска за секоја наредна генерација. Секоја генерација успешно ги исполнуваше чевлите на претходната и го даде својот максимум.

Цврсто верувам дека токму нашата генерација, токму ние, ја имаме енергијата за новите предизвици и за новото време. Шансата да го промениме сопствениот свет на подобро, шансата да ја промениме Македонија на подобро е наша и ние нема да ја испуштиме. Нема да дозволиме ниту една генерација повеќе да го добие епитетот – изгубена. Премногу такви имавме во изминатите 20 години.

Диме Спасов - Претседател на Унија на млади сили на ВМРО - ДПМНЕ
XS
SM
MD
LG