Достапни линкови

Иран ќе тестира проектили од долг дострел


Иран денеска објави дека ќе започне со тестирање проектили од долг дострел во Персискиот Залив. Претставник на иранската армија изјави дека утре ќе бидат истрелане неколку тест проектили во Заливот, како дел од вежбите за подготовка на морнарицата за одбрана од евентуален напад. До иранското воено раздвижување доаѓа по вербалната тензија меѓу Вашингтон и Техеран во врска со теснецот Хормуз, во Персискиот Залив, низ кој поминува 40 насто од светскиот бродски транспорт на нафта. Имено, Иран се закани дека доколку против него бидат воведени санкции, ќе го затвори теснецот, на што Соединетите Држави одговорија дека тоа нема да го дозволат.
XS
SM
MD
LG