Достапни линкови

logo-print

Во Сирија прoтести на опозицијата


Опозициските активисти во Сирија денеска повикаа на одржување големи протести.Планираните протести во земјата зафатена од Арапската пролет, доаѓаат еден ден по објавувањето на информацијата на активистите дека владините безбедносни сили застрелале 25 лица.
До ова дојде и покрај присуството на набљудувачите од Арапската Лига кои во земјата пристигнаа откако преседателот Башар Ал Асад вети дека ќе стави крај на насилствата.
Според набљудувачите на ОН околу 5000 луѓе се убиени во девет месечните протести на опозициските активисти против Ал Асад.
XS
SM
MD
LG