Достапни линкови

logo-print

Времето денеска облачно, од вечерните часови снег


Времето во Македонија ќе биде облачно, а по котлините претпладне магливо. Во текот на денот почнувајќи од југозападните делови ќе започне да врне снег. Во вечерните часови и во текот на ноќта врнежите ќе се прошират на целата територија, а во западните делови ќе се интензивираат со што и постојната снежна покривка ќе се зголеми.
Утринската температура ќе се движи од минус осум до еден, а дневната од два до четири степени.
Во Скопје ќе биде облачно и магливо, а во вечерните часови ќе има врнежи од снег.
Утринската температура ќе се спушти до минус два, а дневната ќе достигне до два степени.
XS
SM
MD
LG