Достапни линкови

Нови опозициски протести во Москва


Неколку стотици луѓе протестираат во центарот на Москва против продолжувањето на притворот на опозицискиот лидер Сергеј Удалцов, извикувајќи „Слобода за политичките затвореници!“. Протестот се одржува во услови на зголемено присуство на полицијата.

Лидерот на партијата на левиот фронт Сергеј Удалцов беше уапсен на протестите против, како што вели опозицијата, изборната измама. Во притвор тој штрајкуваше со глад по што беше хоспитализиран. Неговите поддржувачи стравуваат за неговото здравје.
XS
SM
MD
LG