Достапни линкови

logo-print

Монти повика на заеднички и убедлив одговор на должничката криза


Италијанскиот премиер Марио Монти на прес-конференција во Рим.

Италијанскиот премиер Марио Монти на прес-конференција во Рим.

Италијанскиот премиер Марио Монти повика на „обединет, заеднички и убедлив одговор“ на должничката криза во еврозоната.

На денешната прес-конференција во Рим, тој рече дека, и покрај двете последни успешни ауцкии на италијански обврзници, не смета оти фазата на финансиски турбуленции завршила.

Монти оцени дека проблемите на Италија на финансиските пазари се поврзани со пошироки тешкотии на европско ниво. Каматите за италијанските обврзници остануваат на високо ниво од скоро 7 отсто.
XS
SM
MD
LG