Достапни линкови

Колку чини намамувањето инвеститори во Жабени?


Дигитален приказ на индустриската зона Жабени кај Битола.

Дигитален приказ на индустриската зона Жабени кај Битола.

Што содржи пакетот што Владата му го дава на „Кронберг и Шуберт“ за да инвестира во индустриската зона Жабени, прашува битолската опозиција. Ни директорот на Жабени не знае колкави се субвенциите.

Никој не открива каков пакет бенефиции и даде македонската Владата на германската компанија „Кронберг и Шуберт“, која ќе гради фабрика за производство на кабелски инсталации во индустриската зона Жабени кај Битола. Деновиве беше потпишан и договор за инвестирање меѓу претставници на компанијата и министерот за странски инвестиции Веле Самак.
Доколку Владата дава финансиски средства за влез на „Кронберг и Шуберт“, зошто не дава средства за влез на други инвеститори? Или домашните инвеститори се исклучени од помош од Владата, а за странските може.

Тој изјави дека за компанијата обезбедиле бенефиции не многу различни од она што се дава во слободните индустриски зони. Ова ја разбранува локалната опозиција која досега неколкупати обвинуваше дека земјиштето во зоната тоне и потребно е посебно тампонирање.

„Што се содржи пакетот кој Владата му го дава на „Кронберг и Шуберт“ , колкава висина се средствата и кои активности Владата планира со тој пакет да ги покрие? Пред се ме интересира дали Владата дава одредени средства за инфраструктурно уредување на самата парцела на инвеститорот?“, запраша советникот од СДСМ, Златко Ќурчиевски.
Советници во општина Битола

Советници во општина Битола


„Доколку Владата дава финансиски средства за влез на „Кронберг и Шуберт“, зошто не дава средства за влез на други инвеститори? Или домашните инвеститори се исклучени од помош од Владата, а за странските можи. Во нерамноправна положба ги поставува правните субјекти во зоната“, вели советникот Горан Милевски од ЛДП.

Димче Шеровски, директор на зоната Жабени одговара:

„Поволностите кои ги дава Република Македонија по основ на субвенции, договорот го немаме. Колкава ќе биде субвенцијата немаме таков одговор зашто не сме Влада. Ако се прави паралела меѓу „Кронберг и Шуберт“ и нашите инвеститори, германската компанија вработува 2000 луѓе.“

Шеровски вели дека никој не ги попречува домашните бизнисмени кои планираат да градат капацитети во Жабени да побараат подршка од Владата и европските фондови.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG