Достапни линкови

Груевски - На Македонија и следува почеток на преговорите со ЕУ


На Македонија и е потребен почеток на преговори, а не само скрининг, рече премиерот Никола Груевски на собраниската седница за пратенички прашања.

„Сакаме да го добиеме она што ни следува“, рече тој, потсетувајќи дела Македонија три години по ред добива препорака за почеток на преговори.

Груевски вели дека е свесен дека Европската унија има принцип на солидарност по однос на земјите членки, но оти верува дека тој принцип има одредени ограничувања кога се работи за непринципиелни чекори на некои земји членки кои отстапуваат од основните морални начела и вредносни критериуми на кои почиваат ЕУ и НАТО.

„Во овој правец не би влевал ниту песимизам, ниту оптимизам, туку би посочил дека и Владата и Парламентот и останатите домашни институции треба да продолжат со напорите за изнаоѓање начини за надминување на овој проблем што секако на Македонија ќе и отвори многу врати и ќе и овозможи брз напредок во секоја сфера“, рече Груевски.

Тој уште еднаш напомена дека политиката на оваа Влада е да се дојде до решение колку што е можно побрзо и тоа да биде прифатено од мнозинството граѓани на рефернедум.
XS
SM
MD
LG