Достапни линкови

Охрид очекува 30 илјади посетители за Нова година


Центарот на Охрид декриран со новогодишни украси.

Центарот на Охрид декриран со новогодишни украси.

Охрид подготвено ги очекува туристите за престојните празници. Се е резервирано до последно место, а градските власти најавуваат богата музичка програма за привлекување на гостите на плоштадот.

Охрид треба да биде полн за новогодишните празници. Според продадените аранжмани и резервации, хотелските капацитети и рестораните се целосно искористени, додека приватното сместување, по обичај се ангажира во последен момент. Охрид и за овој дочек на Новата година ќе биде една од најпосетените балкански туристички дестинации каде највеселата ноќ заедно со охриѓани ќе ја слават гости од државава, побројни ќе се Србите и Бугарите, туристите од Црна Гора, Албанија и Грција, а ќе има и други странци. Угостителите се задоволни од најавите.
Интересот кај нас е многу голем, што пријатно ме изненади за разлика од лани кога не беше така. Ќе имаме гости од од Бугарија и Србија и од Македонија. Јас сум распродаден од пред десетина дена.

„Интересот кај нас е многу голем, што пријатно ме изненади за разлика од лани кога не беше така. Ќе имаме гости од од Бугарија и Србија и од Македонија. Јас сум распродаден од пред десеттина дена. Ќе биде интересно, јас мислам дека годинава Охрид ќе е преполн со туристи“, вели Павел Каралиев, сопственик на ноќниот клуб ДАК КАФЕ, каде по традиција ќе има забава со жива свирка, пијалаци и мезе.

Угостителите велат дека гостите според понудите, ќе се движат од еден во друг објект, со што ќар ќе Стариот дел од Охрид, украсен за Нова година

Стариот дел од Охрид, украсен за Нова година

имаат сите.

Над 10 илјади гости се очекува 2012-та да ја дочекаат под отворено небо на градскиот плоштад Свети Климент Охридски, каде на 31 декември ќе има програма со дневна забава со Дедо Мраз за најмладите и прослава до доцните часови во првата ноќ од новата година.
Ќе настапат млади и реномирани интерпретатори кои ќе ја водат тинејџерската предновогодишна забава. Потоа ќе настапат Аренси бендот од Скопје и Ѓоко Танески од Охрид. По доаѓањето на Новата Година забавата ќе продолжи со Влатко Илиевски.

„Ќе настапат млади и реномирани интерпретатори, како Кербер и Денис Мурат, кои ќе ја водат тинејџерската предновогодишна забава што ќе започне во 21 часот и 30 минути. Потоа ќе настапат Аренси бендот од Скопје и Ѓоко Танески од Охрид. По доаѓањето на Новата Година, ќе се обрати градоначалникот на Охрид, Александар Петрески и забавата ќе продолжи со Влатко Илиевски“, вели Сашо Алче од локалната самоуправа.

Тој додава дека ќе има новогодишен огномет, кој ќе го збогати празнично украсениот светлечки декор во центарот на Охрид и Кејот, надополнет со украсите низ целиот град и периферијата.

Од општината се на став дека имаат звучни имиња за привлекување на гостите на плоштадот, обезбедени со скромен буџет без непотребни расфрлувања и дека за празниците сите полициски, медицински, противпожарни и други служби ќе бидат подготвени да обезбедат мирен амбиент за прослава. Посетата на 30-тина илјади гости што се очекува за дочекот на 2012 се смета за добар старт кој треба да донесе успешна нова туристичка година на охридската ривиера.
XS
SM
MD
LG