Достапни линкови

Дневен печат - Поскапувања, стечајци и евроинтеграции


Поскапувањето на струјата и парното, Законот за стечајци, евроинтеграциите, најавата за дипломатски поход во 2012 - дел од темите во весниците.

Предпразничната честитка што Регулаторната комисија има ја испрати на граѓаните е повод печатените медиуми да ја регистрираат со вакви наслови: „Половина плата за парно и за струја“ - пишува Утрински. „Изгор струја, оган парно“ - насловува Нова Македонија. „Новогодишна енергетска честитка - Стандардот ќе седне на електричен стол“ - пишува Дневник, а Вечер забележува дека новата цена на струјата ќе ги испржи граѓаните и фирмите што работат на овој енергенс.
Регулаторната комисија воопшто не е независно тело и какви ќе бидат цените на струјата прво решава Владата, а Комисијата потоа јавно ги соопштува.

Утрински истовремено тврди дека Регулаторната комисија воопшто не е независно тело и дека какви ќе бидат цените на струјата прво решава Владата, а Комисијата потоа јавно ги соопштува.

„Стечајци маршираа од Куманово до Скопје“ - насловува Утрински, информирајќи за седницата на Собранието и за неусвојувањето на Законот за стечајни работници, во исто време јавувајќи и за протестот на група „жртви на транзицијата од времето на Црвенковски“, кои вообичаено и редовно се појавуваат пред седиштето на СДСМ во Скопје. „Опозицијата им Изгор струја, оган парно - насловува Нова Македонија

Изгор струја, оган парно - насловува Нова Македонија

порача на демонстрантите да се преселат пред зградата на Груевски“ - го објавува весникот одговорот на опозициската партија.

Вообичаено, евроинтеграциите се редовна тема за препукување меѓу власта и опозицијата: сегашната одговорна за тоа во Владата, Теута Арифи тврди дека „Се усогласуваме со ЕУ“- како што објавува Нова Македонија, а поранешната вицепремиерка за евроинтеграции, Радмила Шеќеринска ги стави под знак прашалник остварувањата на својата наследничка Арифи, наведувајќи пример дека половина од законите што требало да се усогласат со европското законодавство годинава не се усогласени, дека законите од лани ќе се работат догодина и дека состојбата на тој план е лет во место на државава, како што пишува Утрински.

Дневник од своја страна во наслов објавува дека на средбата со македонските амбасадори, Попоски најавил „Интензивна и конструктивна дипломатија во Новата година“.

Вечер со крупни букви на насловната прашува: „Скандал: зошто пратеникот Макрадули не пријавил во анкетниот лист кредит од 55 илјади евра?“, а дневниот Фокус насловува: „Крајслерите на Доста и на Грујо во аут“, потсетувајќи на контроверзната набавка на скапите полициски автомобили во времето кога Димовска беше шефица на МВР, а Груевски министер за финансии, кои по десет години се покажале како неисплатлива и скапа инвестиција од 13 милиони долари.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG