Достапни линкови

Црната хроника на портокаловата преродба!


Дарко Давитковски

Дарко Давитковски

Се ми се чини дека колку и да се зборува за насилството меѓу младите е тема која сакаме да ја заборавиме, тргнеме и многу да не ја мислиме, бидејки нели држава со ваква младина не мора да се грижи за својата иднина пишува Дарко Давитковски, Претседател на Социјал-демократската младина на Македонија за РСЕ.

Пред неколку години разговарав со еден пријател од Словенија и отворивме тема за криминалната стапка во нашите земји, и како која, до кај стигнала, се развила, и што ти носи „западот“. Тоа што тогаш ни изгледаше како лошо влијание на Западот, всушност не беше ништо друго, туку примена на добри статистички методии функционални институции. Не е „западот” тој што корумпира по default, ниту сме ние толку добри и мирни, ќе заклучите секогаш кога ќе слушнете вести.

Ова нешто што се случува последниве неколку години почнува да ме заплашува и се ми изгледа ни дека методот на статистика се подобрил, ниту ние сме се приближиле до запад па сме се расипале.

Се ми се чини дека колку и да се зборува за насилството меѓу младите е тема која сакаме да ја заборавиме, тргнеме и многу да не ја мислиме бидејки нели држава со ваква младина не мора да се грижи за својата иднина. Е па нема да се грижи затоа што нема да остане ниту младина ниту држава. Ај што ме плаши што дури 50 % од младите постојано во изминативе две години зборуваат како сакале да избегаат од државава, сега изгледа се дојдени до работ на самоуништување.

Па добро бе нема ден да не отворам дневен весник или прочитам на некој сајт за црна хроника каде што се замешани млади луѓе, загрозени човечки животи или причинета штета.

„Со нож во рака одземал такси“, „со нож ранил сограганин“, „ограбил“, „истепал“, „повредил”.... И се така секој ден. Јавноста си чита, печатот си пишува, па уствари тоа им е и работа. Си мислам, добро бе што прават службиве, државата работи или младите се колатерална штета на системот што не функционира? Има ли некој во оваа држава да понесе одговорност..не сторителот, тој е малолетен, тој нема кај да бега. Има ли министер за образование да види како функционира образовниот систем, има ли министер за труд и социјала да види кој е коренот на проблемот, има ли министер за внатрешни работи да интервенира превентивно.
А што у ствари јас прашувам глупости - каква држава, такви проблеми. Само пред неколку месеци се сеќавам дека бев присутен на протести за полициската бруталност. Момче го изгуби својот живот од полицаец, од оние кои се одговорни да останеме живи.


А што уствари јас прашувам глупости каква држава, такви проблеми. Само пред неколку месеци се сеќавам дека бев присутен на протести за полициската бруталност. Момче го изгуби својот живот од полицаец , од оние кои се одговорни да останеме живи. И имаше и протести, за кои институциите останаа глуви. И се сеќавам како министерката си помина со потсмев покрај демонстрантите , некој од нив и легнати на земја глумејќи човечки трупови, само им се насмевна, чиниш овие глумат театарска престава. И истрагата покажува дека младото момче е починато од удар во носот, а министерке, се смеете ли уште? Колку треба да загинат млади во оваа држава?

За да биде ситуацијата уште подраматична и за да видите како функцинира системот на власт, подмладокот на владејачкава партија добива задача да организира трибина и да повика на стоп на насилството. Е добро де сакаат да изгледаат дека ете тие се против насилството, ама на кого му го упатуваат заклучокот? На некоја друга власт? Не знам можеби мислат на Словенците. И си ги поканиле двајцата дотични министри ама ја нема министерката на МВР- ДПМНЕ. И убаво мото „сврти грб на насилството“. И Мартин беше свртен со грб додека бегаше ама некој го стигна. Може требаше да биде мото: „и да бегаш ќе те стигне“, седи си дома посигурно и ЌУТИ.

Само не знам зашто не ја организираа трибинава на 10 јуни? Ама тогаш правеа протести против политизација на смртта на Мартин Нешковски. А да биде уште потрагично додека траеше трибината еден малолетник во Кондово беше прободен од друг со нож. И ова ме потсетуваа на уште една владина реклама: Додека трае оваа трибина еден млад живот е изгубен а никој не е крив.

Жалам што почна да се сее страв кај младите. Не знам веќе од кого повеќе се плашат? Од самите врсници или од полицијата? Ова дефинитивно не е добра статистика, овде нешто смрди. Се сеќавате на едни налепници закачени на тоалетите на факултетите „пушти вода против системот што смрди“? Се молам да не испадне пушти крв против системот што смрди.

Дарко Давитковски, Претседател на Социјал-демократската младина на Македонија.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG