Достапни линкови

Црвенковски - Измина тешка година


Сиромаштијата и невработеноста достигнаa рекордно ниво, а ветувањата за нови инвестиции и нови работни места не се остварија, оцени лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски во денешното новогодишно обраќање. Според него, Македонија станала држава во која владее стравот, а не слободата, демократијата и правдата.

Сите околу нас, наведува Црвенковски, направија голем исчекор во интеграциите кон НАТО и ЕУ, а само Македонија е таму каде што беше и пред пет години.

Честитајќи им ги претстојните новогодишни и божиќни празници на граѓаните, тој посочува дека проблемите можат да се решат, а состојбата да се подобри.
XS
SM
MD
LG