Достапни линкови

Арапските набљудувачи не виделе „ништо застрашувачко“ во Сирија


Шефот на набљудувачката мисија на Арапската лига, суданскиот генерал Мустафа ал-Даби во посета на Хомс.

Шефот на набљудувачката мисија на Арапската лига, суданскиот генерал Мустафа ал-Даби во посета на Хомс.

Набљудувачите од Арапската лига треба да посетат уште три градови во Сирија во кои анти-владините протести беа крваво задушувани. Тие треба да ги посетат градовите Дераа, Хама и Идлиб. Претходно, набљудувачите го посетија немирниот град Хомс, но нивната посета не ги ублажи тензиите туку создаде и нови проблеми.

Шефот на мисијата, суданскиот генерал Мустафа ал-Даби предизвика контроверзии откако изјави дкеа не видел „ништо застрашувачко“ во градот, кој според очевидци беше под опсада со недели, а беше гранатиран само неколку часа пред да проистигнат набљудувачите.

Шефицата на Репортери без граници за Блискиот Исток и Северна Африка Соазиг Долет, пак, изјави дека сириските власти ги залажуваат наљбљудувачите и се „потсмеваат“ со нивната мисија.
XS
SM
MD
LG