Достапни линкови

logo-print

Јосиповиќ - Санадер има право на пензија


Хрватскиот претседател Иво Јосиповиќ.

Хрватскиот претседател Иво Јосиповиќ.

Иво Санадер има право на пензија, Владата нема што да го истражува досието на потпретседателот на Саборот Владимир Шекс поради воени злосторства, бидејќи тоа е работа на обвинителството, а објавата на регистри на бранители не смее да биде лов на вештерки, изјави хрватскиот претседател Иво Јосиповиќ.

„Пензијата е нешто за што се има право, независно од тоа дали можеби ќе бидете осудени доживотно во затвор“, изјави Јосиповиќ по повод активирањето на пратеничка пензија за поранешниот премиер Иво Санадер.

За барањата на Амнести интернешнал да се истражи воената улога на Владимир Шекс и Давор Домазет Лошо, Јосиповиќ рече дека „од таа организација пишуваат на погрешна адреса“.

„Нема владата да се занимава со тоа. Тоа е работа на државното Обвинителство кои треба да видат дали има или не услови за прогон“, рече тој.
XS
SM
MD
LG