Достапни линкови

Плоштадот неатрактивен за прослава на Нова година


Кај нас луѓето не се навиканти на прослава на плоштад, поубаво им е во кафеана или во кафиќ да се опуштат отколку на плоштад да стојат, велат граѓаните што ги анкетиравме на плоштадот Македонија во Скопје.

Традиционално за Нова Година, особено во развиените земји во светот, плоштадот е место кое ги зближува луѓето. Моментите на радост и среќа на градскиот плоштад најчесто ги зближуваат и богатите и сиромашните и младите и старите и партиските опоненти и неистомисленици.
Во Македонија се уште плоштадот не е место каде што се собираат луѓе, затоа што нема што да се прави. Што би правеле на плоштадот? Нема што посебно да се види, едноставно не ми се допаѓа организацијата и концептот на секоја Нова година.

Покрај неизбежниот новогодишен декор, распеаните дедомразовци на сите страни, мирисот на греано вино и колбаси, годинава плоштадот во главниот град го збогатија и спомениците од Скопје 2014. Граѓаните што ги прашавме велат дека плоштадот не им е опција за дочек на Новата година.

„Мене воопшто не ми е интересно на плоштад, затоа што нема некаква посебна организација, се е раскопано, нема посетеност.“

„Во Македонија се уште плоштадот не е место каде што се собираат луѓе, затоа што нема што да се прави. Што би правеле на Плоштад Македонија во центарот на Скопје

Плоштад Македонија во центарот на Скопје

плоштадот? Нема што посебно да се види, едноставно не ми се допаѓа организацијата и концептот на секоја Нова година.“

„Кај нас луѓето не се навиканти на прослава на плоштад, поубаво им е во кафеана или во кафиќ да се опуштат отколку на плоштад да стојат“

Плоштадот е отворен за сите и сите оние кои имаат желба и можноси и потреба да се изразат и креативно да делуваат, Градот Скопје е отворен за издавање дозволи и за можност едноставно да им го приближи и да им го направи подостапен на граѓаните.
Младите велат дека на плоштадот му недостигаат повеќе содржини. На пример повеќе музички концерти со познати имиња од странство.

„Мислам дека е многу монотоно, треба да има повеќе концерти и треба да се организираат да донесат некои ѕвезди од надвор.“

На некои, пак, им пречат новите и бројни споменици на централниот плоштад. Пренатрупано е, велат дел оа анкетираните на кои им пречи ограничениот простор за движење.

„Плоштадот порано се сметаше за место каде што има голем простор и каде имаше место да се одржуваат разни манифестации, сега за жал е скратена таа слобода, тој слободен простор.“

„Можеби требало да ги распоредат спомениците и на други места.“

„И мене ми изгледа малку пренатрупано.“

„Прекрасен голем плоштад, а сега е сведен на скоро ништо, не може да се организира ништо.“

Надлежните, пак, не се согласуваат со мислењата дека на плоштадот му недостасуваат содржини што ќе ги привлечат граѓаните на тоа место. Прашањето е колку тие содржини се креативни и издржани, вели Тања Балаќ, раководител на секторот за јавни дејност од Град Скопје.

„Плоштадот е отворен за сите и сите оние кои имаат желба и можности и потреба да се изразат и креативно да делуваат, Градот Скопје е отворен за издавање дозволи и за можност едноставно да им го приближи и да им го направи подостапен на граѓаните.“

Во изминатиот период, илјадници луѓе се собраа на плоштадот за да ги дочекаат македонските кошаркари по успехот во Литванија. Истата слика ја видовме и на прославата по повод 20 годишнината од независноста на Македонија, а плоштадот редовно ги собира партиските истомисленици на предизборните митинзи.
Од содржините кои редовно се организираат на градскиот плоштад се Белата ноќ, Баскерфестот, Априлијадата, Звуците на чаршијата, Виноскопот и многу други.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG