Достапни линкови

Чавез: САД виновни за заболувањата на лидерите во Латинска Америка


Претседателот на Венецуела Хуго Чавез

Претседателот на Венецуела Хуго Чавез

Претседателот на Венецуела Хуго Чавез изрази сомневање дека Соединетите Држави стојат зад зачестеното заболување со рак на лидерите на земјите во Латинска Америка. Тој ова го изјави во Каракас откако и аргентинската претседателка Кристина Фернандез и се приклучи на листата на претседатели кај кои бил дијагностициран канцер.

„Не сакам да обвинувам, но можеби сега по 50 години дознаваме дека Соединетите Држави имаат технологија да предизвикаат рак. Чудно е што скоро сите имаме рак“, изјави Чавез.
XS
SM
MD
LG