Достапни линкови

Грција бара од Турција истрага за пожарите


Ставрос Димас

Ставрос Димас

Грчките власти соопштија дека министерот за надворешни работи Ставрос Димас разговарал со турскиот колега Ахемт Давутоглу за наводната вмешаност на Турција во подметнувањето пожaри во Грција во текот на деведестите години од минатиот век. Притоа Димас побарал од Турција да биде покрената истрага за тоа дали навистина агенти на турската тајна служба имале задача да подметнуваат пожари. Оваа информација деновиве ја објави еден турски весник повикувајќи се на изјава на поранешниот турски премиер Месут Јилмаз кој веднаш потоа рече дека таа била погрешно протолкувана.
XS
SM
MD
LG