Достапни линкови

logo-print

Ким Џонг Ун, врховен лидер на Северна Кореа


Ким Џонг Ун

Ким Џонг Ун

Северна Кореа денеска го прогласи Ким Џонг Ун, син на покојниот Ким Џонг Ил, за врховен лидер, на владејачката партија, војска и народ. Тој денеска стоеше на балконот на Големата народна библиотека во Пјонгјанг, опкружен со највисоки партиски и воени претставници во текот на церемонијата со која заврши 12 дневната жалост по Ким Џонг Ил кој почина на 17 декември од срцев удар. ,,Најблагодарното достигнување на големиот другар Ким Џонг Ил е тоа што во целост го реши прашањето на наследникот кој ја наследи неговата храброст и карактер,, изјави претседателот на претседателството на Врховното народно собрание Ким Џонг Нам.
XS
SM
MD
LG