Достапни линкови

Пентагон одговори на иранските закани


Пентагон соопшти дека нема да толерира било какви пореметувања во потокот Хормуз, главниот доток на нафта од блискиот исток до светските пазари. Портпарол на Петтата флота изјави дека морнарицата на Соединетите американски држави има “силно присуство” во регионот со цел да ги сочува “виталните врски за меѓународната заедница”. Предупредувањето на САД следи еден ден по изјавата на иранскиот потпретседател Мохамед Реза Рахими, дека Техеран нема да дозволи “ниту една капка нафта” да помине низ протокот ако се воведат нови санкции за Иран кои се поврзани со нафтата.
XS
SM
MD
LG