Достапни линкови

Мајка на притворен ирански американец тврди дека синот е невин


Мајката на ирански американец кој е во притвор обвинет за шпиунажа, вели дека нејзиниот син ги признал обвиненијата под притисок. Бехназ Хекмати изјави дека нејзиониот син Амир, поранешен преведувач во војската на САД, дошол во Иран за да ги посети неговите баби, додавајки дека обвиненијата против него немаат смисла. Во изјава за медиумите Бехназ Хекмати апелираше до иранските власти нејзиниот син да добие фер третман.
XS
SM
MD
LG