Достапни линкови

Тетовци незаинтересирани за неформално образование


Проектот за образование на возрасни и програми за описменување и за дооформување на основното образование на исклучените лица.

Проектот за образование на возрасни и програми за описменување и за дооформување на основното образование на исклучените лица.

Времињата се динамични, пазарот си носи свои барања и промени, потребите често се менуваат, така што и граѓаните мора да вложуваат во себе, посочуваат експертите.

Слаб е интересот на тетовци, откако ќе го завршат своето формално образовние и понатаму да се надградуваат и да учат нови вештини. Преку доживотното учење тие полесно можат да дојдат до вработување, но и да станат поконкуренти на пазарот на трудот. Доживотното учење и образованието на возрасни треба да бидат предизвик за секој граѓанин доколку се сака да се успее во животот, сметаат познавачите на приликите.
За жал голем дел од граѓаните кои го завршиле своето формално образование, се уште го немаат доживеано првиот работен ден, нема дополнителни вложувања за сопстена надградба преку обуки, семинари и активности кои нас ќе не направат поконкуренти на пазарот на трудот.

Преку зајакнување на капацитетите на граѓаните се придонесува за локален развој, развој на заедницата и намалување на невработеноста во државата. Доживотното учење треба да се сфати како алатка која ќе овозможува надградба на личноста, но не секој човек ја користи понудената можност да научи нешто ново, вели Сретен Коцевски, извршен директор на Институтот за развој на заедницата во Тетово.
Градоначалникот на Општина Тетово, Сади Беџети, директорката на Центарот за образование на возрасните, Линдита Ќазими и советникот на проектот Жан Лук.

Градоначалникот на Општина Тетово, Сади Беџети, директорката на Центарот за образование на возрасните, Линдита Ќазими и советникот на проектот Жан Лук.


„За жал голем дел од граѓаните кои го завршиле своето формално образование, се уште го немаат доживеано првиот работен ден, нема дополнителни вложувања за сопстена надградба преку обуки, семинари и активности кои нас ќе не направат поконкуренти на пазарот на трудот. Времињата се динамични, пазарот си носи свои барања и промени, потребите често се менуваат, така да и ние мора да вложуваме во нас. Она што за жал може да го слушнеме е луѓето велат - јас не можам да најдам работа за тоа што сум го учел, но прашање е дали и изборот бил најсоодветен и стратешки погоден за да можеме утре да најдеме работа на пазарот.“

Во насока на збогатување на знаењата и вештините на возрасните голема заслуга има и Центарот за образование на возрасни. Според директорката Линдита Ќазими, во центарот се воведуваат новини во работењето, се со цел на корисниците да им се овозможат подобри услуги.

„Планираме да почнеме со верификација на програмите за образование на возрасни. Имаме формално и неформало обраозваие на возрасни. Многу е битно за општеството за индивидуите неформалното образование. Ние ќе им нудиме обука и специјализација на луѓето кои го завршиле формалото обраозвание во различни области, за тие да можат полесно да најдат работа.

Учењето на старите занаети и ракотворењето се уште еден начин на неформално учење. Дел од тетовци со голем ентузијазам се ангажираат во изработка на ракотворби, кукли, копаничарски, кујунџиски производи и сл. Нивното мото е дека секој човек треба да ја искористи секоја понудена можност да учи, зошто кога учи, успева.
XS
SM
MD
LG