Достапни линкови

Русија ги критикува САД за кршење на човековите права


Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Во новиот извештај за човекови права што го подготвува Министерство за надворешни работи на Русија, се критукуваат САД поради кршењата на човековите права. Во извештајот се наведени примери како затворот Гвантанамо и смртната казна.

Москва претходно се налути откако Русија беше критикува за нарушувања на човековите права во извештајот што го објави Стејт департментот. Американското министерство за надворешни работи изрази загриженост во врска со нападите врз активистите за човекови права и новинари во Русија, а беа критикувани и злоупотребите во кавкаскиот дел од Русија, како што се убиства, киднапирања и тортура.

Во рускиот извештај, исто така има критики и за ЕУ, Канада и Грузија, како и за дел од операциите на НАТО во Африка, но извештајот не ги опфаќа злоупотребите на човековите права во Азија, Африка или на Блискиот Исток.
XS
SM
MD
LG