Достапни линкови

logo-print

Франција бара Иран да не го блокира Ормускиот Теснец


Macedonia/Iran - Strait Of Hormuz, map - N/A

Macedonia/Iran - Strait Of Hormuz, map - N/A

Франција го повика Иран да го почитува меѓународното право и да дозволи слободно пловење низ Ормускиот Теснец, откако Техеран се закани дека ќе го затвори теснецот за транспорт на нафта. Портпаролот на француското Министерство за надворешни работи Бернар Валеро изјави дека Ормускиот Теснец е меѓународен теснец и затоа „сите бродови, без разлика под чие знаме пловат, имаат право на премин“.

Портпаролот на Петтата флота на американската морнарица со седиште во Бахреин изјави дека нема да се толерира никакво нарушување на слободата на навигација низ теснецот.

Првиот потпретседател на Иран, Мохамад Реза Рахими вчера се закани дека Иран ќе го блокира транспортот на сурова нафта од Персискиот Залив ако се наметнат странски санкции за извозот на нафта од земјата. Ормускиот Теснец е клучна рута за светската трговија со нафта зашто го поврзува Персискиот Залив со Арапското Море.
XS
SM
MD
LG