Достапни линкови

За странски инвестиции ќе почекаме уште некоја година


Слободна економска зона Бунарџик кај Скопје.

Слободна економска зона Бунарџик кај Скопје.

Кризата во Европската унија ќе се одрази врз доаѓањето на странските инвестиции во Македонија, велат експерите.

Остварувањето на најавите за нови инвестиции во технолошко-техничките развојни индустриски зони во Македонија во голема мера ќе зависат од случувањата во Европската унија, се согласуваат дел од економистите. Стопанствениците, пак, се со став дека е потребен ист третман за домашните и странските инвеститори.
Бидејќи во овој момент странски инвестиции се намалуваат секаде во Европа, така да и не може многу да се очекува, сигурно за година или две.

На последниот состанок на владиниот економски совет беше посочено дека случувањата во Европа секако ќе влијаат на одлуката да се инвестира во Македонија, но не секогаш негативно.

Дали Владата повторно се потпира на тезата дека дури и во услови на криза парите мора да одат некаде, па ќе дојдат и во Др. Владимир Глигоров од Виенскиот институт за економски студии

Др. Владимир Глигоров од Виенскиот институт за економски студии

Македонија?

Владимир Глигоров од Виенскиот институт за економски студии вели дека одговорот на ова прашање е академска дискусија:

„Бидејќи во овој момент странски инвестиции се намалуваат секаде во Европа, така да и не може многу да се очекува, сигурно за години или два, а после за понатаму тој фактор досега бар играше значителна улога.“
Странските и домашните инвеститори треба да имаат подеднаков третман, значи оние привилеги кои ги добиват странските инвеститори да ги имаат и домашните.

Македонската перспектива за членство во Европската унија ги стабилизираат очекувањата на странските инвеститори, додава Глигоров:

„Тоа има позитивен ефект на странските инвестиции но во ова ситуација каква е сега тоа доста ќе зависи од моментот кога ЕУ ќе излезе од оваа криза, во која моментално се наоѓа.“

Домашните стопанственици, од друга страна, бараат еднаков третман на домашните и странските инвеститори. Мирче Чекреџи посочува дека Сојузот на стопански комори тоа го бара веќе извесно време

„Сојузот на стопански комори има заземено став веќе втора година дека странските и домашните инвеститори треба да имаат подеднаков третман, значи оние привилеги кои ги добиват странските инвеститори да ги имаат и домашните.“

Каква е ситуацијата на терен и дали тоа се случува во пракса? Чекреџи одговара:

„На терен се уште има многу малку странски инвестиици за да може да се види трендот дали ќе бидат или не привилигирани. Неколкути првични мораше да бидат, како да речам ,атрактирани со подобри услови за да се отпочне конечно тој процес во Македонија, а за понатака ќе видиме како ќе биде.“

Во последниве неколку месеци во индустриската зона Бунарџик почнаа да се градат неколку фабрики, а од власта посочуваат дека се разговара со уште неколку заинтересирани, веројатно за догодина. Од друга страна, иако се најавуваа во изминативе години, не испадна ништо од влегувањето на „Искра“, „Орланди груп“, „Шише џам“ и „Хаер и Тривју“.
XS
SM
MD
LG