Достапни линкови

logo-print

Авион излета од писта и се запали во Киргистан


Авионска несреќа на аеродромот во Ош.

Авионска несреќа на аеродромот во Ош.

31 луѓе се повредени откако авион со 82 патници и членови на екипажот излета од пистата на аеродромот во Ош на југот на Киргистан. Се скршило едно крило на авионот и избил пожар, по што патниците биле итно евакуирани. Никој од повредените не е во животна опасност, но 17 се задржани на болничко лекување. Авионот Ту-134 летал од главниот град Бишкек. Причините за инцидентот се уште се непознати, но аеродромските власти велат дека лошото време и густата магла можеби допринеле за несреќата. Аеродромот во Ош е привремено затворен за сообраќај.
XS
SM
MD
LG