Достапни линкови

Путин не планира да стане привремен претседател на Русија


Рускиот премиер Владимир Путин ја отфрли идејата да стане привремен претседател на Русија до одржувањето на претседателските избори во март наредната година, на кои тој важи за фаворит. Неговиот коментар доаѓа по шпекулациите дека може да ја напушти премиерската фотелја за да седне во претседателската пред изборите во март.

Тој рече и дека е отворен за принципиелен дијалог со опозицијата, но отфрли разговори со опозиоциските лидери кои бараат нови парламентарни избори и негова оставка. Опозицијата ги спори резултатите од изборите одржани овој месец на кои повторно победи владејачката партија Единствена Русија.
XS
SM
MD
LG