Достапни линкови

Анкара официјално одобри „Јужен тек“ да минува низ турска територија


Мапа на рутата на „Јужниот тек“.

Мапа на рутата на „Јужниот тек“.

Турција официјално и одобри на Русија гасоводот „Јужен тек“ да минува низ турските територијални води во Црното Море, соопшти денеска рускиот премиер Владимир Путин.

„Би сакал да и се заблагодарам на Турција за нејзиното конечно одобрување на изградбата на „Јужен поток“ во специјалната економска зона на Турција“, изјави Путин за време на средбата со турскиот министер за енергетика Танер Јулдиз во Москва.

Путин и се заблагодари и на Европската комисија за поддршката на проектот „Јужен тек“, истакнувајќи дека гасоводот ќе придонесе за стабилна достава на енергетски суровини на европскиот пазар.

На денешната средба меѓу Путин и вицепремиерот Игор Сечин со турскиот министер Јулдиз беше потпишан пакет документи за испорака на природен гас во Турција.
XS
SM
MD
LG