Достапни линкови

logo-print

Дипломатијата во поход


Средба на премиерот Никола Груевски со шефовите на дипломатско-конзуларните претставништва на Македонија во странство.

Средба на премиерот Никола Груевски со шефовите на дипломатско-конзуларните претставништва на Македонија во странство.

МНР најави силна дипломатска активност за догодина. Очекува прием во НАТО и почеток на преговори со ЕУ, како и конструктивен пристап од преговорите со Грција.

2012 година ќе биде година на интензивна дипломатска активност, во која ќе се вклучи целата дипломатска мрежа, изјави министерот за надворешни работи Никола Попоски по средбата со македонските амбасадори. Иако ресурсите се органичени, ќе се обидеме Македонија да ја промовираме како интересна туристичка дестинација и да привлечеме повеќе странски инвестиции, рече Попоски. Задоволен е и од постигнатото на планот на македонските евроинтеграции.
Многу поконструктивно ќе биде да излеземе од концепрот на барање причини за непостапување на определен конструктивен начин и да навлеземе во една динамика која ќе и овозможи на Република Македонија да ги оствари своите стратешки цели.

„Веќе подолг период дејствуваме како дефакто земја члeнка на НАТО со нашето учество во НАТО мисии. Се надеваме дека во најкараток можен рок тоа ќе биде ефектуирано со заслужено членство, како во НАТО, така и отпочнување на преговори за членство во Европската унија.“

Попоски вети конструктивен пристап на Македонија во преговорите со Грција. Од нашиот јужен сосед ќе зависи дали ќе има позитивистички пристап кон остварувањето на стратешките цели на целиот регион, изјави шефот на македонската дипломатија.

„Мислам дека многу поконструктивно ќе биде да излеземе од концептот на барање Состанок на мешовитиот комитет ЕУ-Македонија. Јорго Шацимаркакисм Ричард Ховит и Никола Попоски.

Состанок на мешовитиот комитет ЕУ-Македонија. Јорго Шацимаркакисм Ричард Ховит и Никола Попоски.

причини за непостапување на определен конструктивен начин и да навлеземе во една динамика која ќе и овозможи на Република Македонија да ги оствари своите стратешки цели.“

Во меѓувреме, вицепремиерката за евроинтеграции, Теута Арифи изрази задоволство од напредокот на земјава. Задоволството го темели на Хашката пресуда во корист на Македонија, која, како што вчера изјави, треба да биде мотив за двете страни да се движат кон едно заедничко решение.
Кога нашиот двор ќе биде чист и кога сите обврски ќе бидат исполнети реално а не само на хартија, тогаш ќе можеме со прстот да впериме во Грција и да кажеме - нејзиниот двор не е чист и и вие немате право да не кочите, ниту вие, ниту ЕУ.


Но дали само името е единствената пречка на патот кон Унијата?

Експертите се едногласни дека истото мора да се реши, но сепак предупредуваат дека земјава мора да ги спроведе неопходните критериуми за да биде дел од Унијата. Независноста на судството, реформите во јавната администрација, слободата на медиумите, борбата против корупцијата, беа и останаа клучните слабости на кои треба да работиме. Извештајот на Европската комисија само потврди дека треба уште работа во тие области.

Според професор Никола Дујоски, Македонија заостанува и во спроведувањето на домашните реформи. Она што другите соседи успешно го прават, е тоа во што заостанува земјата, вели Дујоски.

„Не само прашањето за името, тоа да речеме е само изговор на одговорните за неуспехот во евроинтегрирањето, прашањето на внатрешните реформи, тука Македонија назадува.“

Сличен став има и политикологот Соња Стојадиновиќ. Реформите треба да ги имаме и во пракса, а не само на хартија, советува Стојадиновиќ.

„Кога нашиот двор ќе биде чист и кога сите обврски ќе бидат исполнети реално, а не само на хартија, тогаш ќе можеме со прстот да впериме во Грција и да кажеме - нејзиниот двор не е чист и и вие немате право да не кочите, ниту вие, ниту ЕУ.“

Според некои, пак, земјава направила се за да го добие посакуваниот датум за преговори, иако тоа не се случи во декември. Претставници на Европската унија предупредија на опасноста дека Македонија може да ја изгуби препораката за членство во Унијата доколку не покаже политичка волја и одлучност за нејзините евроатлантски аспирации.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG