Достапни линкови

Хелсиншки ќе ја враќа демократијата во земјата


Како посебна проблематика, Хелсиншкиот комитет го издвојува прашањето на правата на притворениците .

Како посебна проблематика, Хелсиншкиот комитет го издвојува прашањето на правата на притворениците .

Хелсиншкиот комитет, поради загриженост за демократските процеси во земјата, подготви стратегија за враќање на демократијата.

Во последниот извештај за изминатите два месеци, Хелсиншкиот комитет се задржува на неколку позначајни настани кои ги допираат човековите права меѓу кои на стратегијата за борба против дискриминацијата која според оценката на организацијата практично самата внесува определена дискриминација бидејки како што се наведува не ги опфаќа сите основи.
Нетранспарентноста на државата која во повеќе наврати не ни допушта нам и на другите невладини организации да извршиме посети на казнено поправните установи, мислам дека тоа е недемократски.

Понатаму, Комитетот обрнува внимание и на предлог-законот, според кој се воведува посебен регистар на лица осудени за педофилија и сексуална злоупотреба. Како посебна проблематика, Хелсиншкиот комитет го издвојува прашањето на правата на притворениците

„Односно нетранспарентноста на државата која во повеќе наврати не ни допушта нам и на другите невладини организации да извршиме посети на казнено поправните установи, во неколку сличаи, последен беше овој кога се штрајкуваше во Идризово, мислам дека тоа е недемократски“, изјави Гордан Калајџиев, претседател на Хелсиншки комитет.

Хелсиншки: случајот Љубе Бошкоски е еклатантно кршење на конвенциите за фер судење

Хелсиншки: случајот Љубе Бошкоски е еклатантно кршење на конвенциите за фер судење

Од Судските случаи кои се опфатени во извештајот особено внимание му е посветено на случајот на Љубе Бошкоски, што според организацијата, има индиции за политички мотивиран процес, зошто, како што се наведува, очигледно судот бил под некаков пристисок и не овзоможил елементарни услови за фер судење.

„Процесот воопшто не беше транспарентен, во голем дел тој беше затворен за јавноста, тоа од една страна. Од друга страна беше очигледно дека на обвинетиот не му беа дадени основни услови да се
Процесот воопшто не беше транспарентен во голем дел тој беше затворен за јавноста, тоа од една страна, од друга страна беше очигледно дека на обвинетиот не му беа дадени основни услови да се брани од обвиненијата против него.

брани од обвиненијата против него, од тука ние сметаме дека во овој случај има еклатантно кршење на членот 6 на европската конвенција и на домашните гаранции за фер судење.“

Извештајот на организацијата следи по бројни забелешки од претходниот во кој беше изразена загриженост за демократските процеси во земјата поради притисоците врз медиумите, обидите да се замолкне академската јавност, слабостите на судството. За да се избегне продолжувањето на ваквите трендови Хелсиншкиот комитет подготви и стратегија од неколку точки за да даде нов импулс во јавниот курс и враќање на демократијата во наредните две години.

Оваа година, според податоците на други истражувања, Македонија е во групата на земји што се оценети како делумно слободни. Во последниот извештај на Фридомхаус се говореше за ограничено почитување на човековите права, на начелото на владеење на правото, постоење на корупција, ограничен плурализам, влијание врз медиумите. Извештајот на Фридомхаус од 193 земји во кои ја анализира состојбата, 90 ги оценува како слободни, 60 како делумно слободни и 43 како неслободни.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG