Достапни линкови

Иран може многу лесно да го затвори теснецот Ормуз


Командантот на иранските поморски сили Наџибула Саџари изјави дека затворањето на теснецот Ормуз е многу лесно.
Теснецот е и најзначајна светска поморска нафтена рута и таму деновиве се одвива воена вежба на иранските сили.
Саџари додаде дека на Техеран тоа сега не му е потребно.
Вчера потпретседателот на Иран Мохамед Реза Рахими предупреди дека може да го затвори теснецот доколку врз иранскиот извоз на нафта се применат санкции.
XS
SM
MD
LG