Достапни линкови

logo-print

Индустријата во ноември пад, а за 11 месеци раст од 4,1 %


Macedonia -- EMO factory in Ohrid, undated

Macedonia -- EMO factory in Ohrid, undated

Индустриското производство во ноември годинава во однос на истиот месец лани бележи пад од 5,3 проценти, додека во периодот јануари - ноември 2011 година, во однос на периодот јануари-ноември 2010 година, бележи пораст од 4,1 проценти, соопшти Државниот завод за статистика.
Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење камен бележи пораст од 15,5 насто, во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 7,6 проценти, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација бележи пораст од 5,7 насто.
XS
SM
MD
LG