Достапни линкови

Спортскиот оскар во рацете на Перо Антиќ


Синот на капитенот Перо Антиќ прв го пречека татка си на аеродромот по враќањето од ЕП во Литванија.
Синот на капитенот Перо Антиќ прв го пречека татка си на аеродромот по враќањето од ЕП во Литванија.

Признание кое многу ми значи, изјави за РСЕ Антиќ, чија желба е Македонија да се квалификува на претстојните Олимписки игри во Лондон.

Капитенот на македонската кошаркарска репрезентација Перо Антиќ е најдобриот македонски спортист за 2011-та година. Ова е епилогот од изборот на Агенцијата за млади и спорт и Сојузот на спортски федерации, со што уште еднаш се потврди дека кошаркарите со освоеното четврто место на Европското првенство во Литванија го постигнаа можеби и најголемиот успех во годината што изминува.
Сигурно дека е огромно признание кое многу ми значи. Пред се ова е одговорност и мотив повеќе за понатамошни успеси и понапорна работа на терените.
Перо Антиќ, кошаркар

Тоа, дополнето со изборот во втората петорка на евро - шампионатот, го исфрли во преден план крилниот центар на нашиот национален тим, па, по повеќегодишна пауза „спортскиот Оскар“ замина во рацете на претставник на колективните спортови. Овој податок му дава уште поголема тежина на триумфот на Антиќ, за кого „Оскарот“ е круна на извонредната сезона.

„Сигурно дека е огромно признание кое многу ми значи. Пред се ова е одговорност и мотив повеќе за
Пречек на кошаркарите на аеродоромот Александар македонски
Пречек на кошаркарите на аеродоромот Александар македонски
понатамошни успеси и понапорна работа на терените. Едноставно, пресреќен сум поради тоа што бев избран каде што беше конкуренцијата многу јака, имавме и светски шампион и европски шампион во карате и едноставно да добиеш во таква конкуренција е чест“, изјави Антиќ.

Изминативе 12 месеци тој ќе ги памети и по успесите на клупски план, откако пролетоска со Спартак го освои Купот на Русија, а од септември е член на грчкиот гигант Олимпијакос, со кого обезбеди пласман во Топ 16 од актуелната Евролига.

Сето ова говори дека зад него е најуспешната година во кариерата, што му ги зголемува амбициите за во 2012 - та. Во неа Перо најавува атак на нови клупски трофеи, од кои во преден план се оние од Евролигата и од првенството на нашиот јужен сосед. Сепак, на врвот на желбите е учеството со Македонија на Олимписките игри во Лондон, за што, заедно со репрезентативните колеги, ќе треба да освои едно од првите три места на квалификацискиот турнир кој следниот јули ќе се одржи во Венецуела. Антиќ е свесен дека тоа нема да биде ни малку лесно, но е и убеден дека Македонија има сили за таков подвиг.

„Верувам во тимот, верувам во организацијата на КФМ дека ќе створат уште подобри услови да се подготвиме максимално, поради тоа што ќе имаме мал период за подготовка и мислам дека заслужено би биле на тие Олимписки игри во Лондон, поради тоа што овој тим тоа го заслужува и тоа го може“, додаде Перо Антиќ.

На приватен план, пак, покрај здравје, во идната година посакува и проширување на семејството, односно неговиот 5-годишен син Лука да добие брат или сестра.
Пречек на кошаркарската репрезентација
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:35 0:00
Директен линк
XS
SM
MD
LG