Достапни линкови

Брисел нема да ја „притиска“ Србија за признавање на Косово


Брисел нема намера да ја доведува во прашање Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН, како ни Уставот на Србија, според кој Косово е дел од Србија. Ова го изјави посредникот на Европската Унија во дијалогот Белград - Приштина, Роберт Купер.
Според Купер, двете страни се блиску до договор иако постојат неколку отворени прашања кои можат да бидат тешки.
Треба да се пронајде решение со кое ќе се почитува уставната позиција на Србија, истовремено овозможувајќи практична соработка меѓу двете страни, изјави Купер за Вечерње Новости.
XS
SM
MD
LG