Достапни линкови

Во Собранието расправа за законот за задолжително социјално осигурување


Пратениците во Македонското Собрание денеска ќе ја продолжат расправата по измените и дополнувањата на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување.
На вчерашната дебата пратеничката група на СДСМ се изјасни дека ќе гласа против овие измени, затоа што ,според нив, се скратуваат дел од правата на невработените лица, а со одлагање на намалувањето на стапката за социјални придонеси ќе се отежни работењето на претпријатијата од реалниот сектор. Пратениците од парламентарното мнозинство посочија дека се одлага намалувањето на социјалните придонеси поради состојбите во светската економија кои се менуваат во негативна смисла, а се одразуваат и врз македонската економија.
XS
SM
MD
LG