Достапни линкови

Најавена лидерска средба во Сараево


Во Сараево денеска ќе биде одржана нова средба на претседателите на шесте водечки партии во БиХ, чиј домаќин ќе биде лидерот на СДА Сулејман Тихиќ.
Сараевските медиуми јавуваат дека на дневен ред на лидерската средба ќе биде и пакетот таканаречени европски закони: за државна помош, попис на населението, воениот и државниот имот, како и буџетот на институциите на БиХ за следната година.
Најавени се и разговори за формирање Совет на министри на БиХ, кој речиси 15 месеци по одржувањето општи избори се уште не е формиран.
XS
SM
MD
LG