Достапни линкови

САД бараат ослободување на Тимошенко


Соединетите Држави денеска побараа од Украина да ја ослободат поранешната премиерка Јулија Тимошенко, откако не беше усвоена нејзината жалба на пресудата со која таа доби 7 години казна затвор.
Портпаролот на Стејт Департментот Марк Тонер изјави дека Вашингтон е „разочеран “ од одлуката на Апелациониот суд и додаде дека Тимошенко и останатите поранешни владини функционери кои се во притвор имаат право да учествуваат во „политичкиот живот “ на Украина.
Таа беше обвинета за злоупотреба на службена должност, само еден месец откако учествуваше на изборите на кои му беше против кандидат на сегашниот претседател Виктор Јанукович.
XS
SM
MD
LG