Достапни линкови

Калуѓери протестираа во Атина


Илустрација

Илустрација

Неколку стотина калуѓери, калуѓерки и група верници синоќа протестираа пред судот во Атина изразувајќи поддршка на уапсениот игумен Ефраим. Тој е обвинет дека ја измамил државата за неколку милиони евра. Станува збор за игумен од Светата Гора, кој ја измамил државата со замена на безвреден манастирски имот за вреден државен имот и неколку згради во Атина.
Утврдено е дека таквата замена ја чинела државната каса 138 милиони евра. Демонстрантите со свеќа во рака се молеле кога приведениот игумен бил донесен во судот.
XS
SM
MD
LG