Достапни линкови

logo-print

Уште еден ирански опозициски активист зад решетки


Иранскиот опозициски ветеран Ебрахим Јазди кој накратко беше министер за надворешни работи во 1979 година за време на револуцијата е осуден на 7 години казна затвор,јавува Радио Фарда на РСЕ. Лидерот на забранетото „ Слободно Движење“ 80 годишниот Јазди е обвинет за нарушување на безбедноста, вклучувајќи обвиненија за дела против националната безбедност и ширење лаги. Со ваквите обвиненија често се обвинуваат политичките активисти во Иран.
XS
SM
MD
LG