Достапни линкови

logo-print

Временска прогноза- сончево и малку потопло


Денеска не очекува сончево и малку потопло време. Утринската температура ќе се движи од минус 11 до минус четири степени , а дневната од два до 10 степени. Во Скопје и околината времето ќе биде претежно сончево и тивко. Во утринските часови ќе има услови за појава на слаба магла а температурата од минус шест во текот на денот ќе достигне до седум степени. За време на новогодишните празници метеоролозите предвидуваат дека ќе биде потопло но врнежливо со услови за снег. Дожд може да очекуваат граѓаните во западните делови на земјава а за време на новогодишната ноќ ќе преовладува умерено облачно и постудено време со умерен северен ветер.
XS
SM
MD
LG